
Во вторник и во среда (18 и 19 ноември) нашата Република Македонија ќе биде зафатена од голем влажен воздушен бран од запад и истиот ќе биде поврзан со циклонски систем со центар над Џенова. Во ваква ситуација кај нас ќе дојде до голема промена на времето која ќе предизвика од запад во нашата Македонија да се прошируваат обилни врнежи од дожд. Локално овие врнежи ќе бидат обилни и поројни и проследени со појава на грмежи.
Сето ова ќе биде проследено со засилен до повремено силен ветер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час). Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. И во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе имаме обилни врнежи од дожд проследени со засилен до повремено силен ветер од јужен правец а ќе има услови и за појава на грмежи.
Само во овие два дена локално ќе наврне големо количество на воден талог (локално над 50 литри дожд на метар квадратен а во западните предели локално дури и над 80 литри дожд на метар квадратен).
Што се однесува до температурите, поради јужното воздушено струење тие остануваат без поголеми промени во однос на оние температури кои ги имаме сега, што значи дека натпросечните температури на воздухот за ноември продолжуваат и во овие два дена од следната седмица.


