Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Македонија во вторник ќе го добие ривалити во квалификациите за ЕП

Македонија во вторник ќе го добие ривалити во квалификациите за ЕП
Img 7972

Познати се сите учесници во квалификациите за ЕП 2025 година во машка конкуренција.

dobivaj vesti na viber

Дел од квалификациите ќе биде и репрезентацијата на Македонија. Покрај Македонија, во квалификацискиот циклус ќе учествуваат: Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Велика Британија, Грција, Унгарија, Исланд, Израел, Италија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.

Репрезентациите ќе бидат поделени во осум групи, во секоја група ќе има по четири екипи. Ждрепка што ќе се одржи на 8. август во Минхен, а церемонијата ќе се пренесува во живо на официјалниот канал на Ју-тјуб од 11.30 часот.

Квалификациите за ЕП ќе се играат во три прозори, од 19-27. февруари 2024, 18-26. ноември 2024 и 17-25. февруари 2025 година.

По три најдобро пласирани селекции од секоја група, освен групите во кои се домаќините на Евробаскетот (Кипар, Финска, Полска и Летонија), ќе се пласираат на континенталниот шампионат.

Во групите, во кои ќе бидат домаќините, две најдобро пласирани селекции и домаќинот. ќе се квалификуваат за ЕП 2025.

Европското првенство ќе се одржи во периодот од 27. август до 14. септември 2025 година, а градови домаќини се Тампере, Лимасол, Рига и Катовице.

Фото/kfsm.mk

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај