Утрински Весник
Македонија

Македонија во Рим го одбележува денот на Свети Кирил и Методиј

Img 0641 1536x1023 1.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска и утре (23 и 24 мај) престојува во Рим, Италија, како член на државно-црковната делегација предводена од претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, по повод чествувањето на денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Делегацијата денеска присуствуваше на молебенот во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, со кој чиноначалствуваа владиците Јосиф и Јаков, заедно со претставници од Македонската православна црква – Охридска архиепископија.


Во рамките на културната програма, организирана по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, министерот Љутков утре (24 мај) ќе присуствува и ќе има обраќање на концертот на маестро Симон Трпчески и квинтетот „Македонисимо“, што ќе се одржи во историскиот простор „Хорти Салустијани“ („Horti Sallustiani“) во вечниот Рим. Ќе бидат изведени дела од Едвард Григ, Петар Илич Чајковски и македонскиот композитор Панде Шахов.

Претходно, според предвидената агенда, државно-црковната делегација утре ќе го посети гробот на папата Франциск, а ќе положи и свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонски јазик во чест на Свети Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим е востановено во 1969 година, по повод 1100-годишнината од неговата смрт, и оттогаш се одбележува секоја година на 24 мај, со највисоки почести од државно-црковната делегација.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе