Женската ракометна репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство.
Македонија во првото коло доживеа убедлив пораз од фаворизираната Шведска, додека Турција со шест голови разлика загуби од Унгарија.
Пред дуелот владее умерен оптимизам во таборот на нашата селекција. Селекторот Грчевски е убеден дека Македонија ќе избори позитивен резултат доколку на минимум ги сведе техничките грешки, кои против Шведска ги имаше премногу и доколку против Турција девојките одиграат како во последните 15 минути од дуелот со Швеѓанките.
Натпреварот Македонија-Туција ќе започне во 20:30 часот, претходно во групата од 18 часот дербито ќе го одиграат Унгарија и Шведска.