Утрински Весник
Спорт

Македонија со три претставници во АБА2 лигата

20240708231102 Big 730x400 57.webp.webp
Dik 300x250 mk

Македонија следната сезона ќе има три претставници во АБА-2 лигата.

Освен шампионот МЗТ Скопје и вицешампионот Пелистер, во Јадранската лига ќе игра и екипата на Работнички, која го освои третото место во македонската лига.

Веќе се познати и шеширите за новата сезона, која ќе се игра по нов формат, со четири групи со по четири екипи и со натпревари дома-гости.

МЗТ Скопје, се најде во првиот шешир заедно со екипите на Подгорица, Војводина и Златибор.

Во вториот шешир нема македонски претставник, а го сочинуваат Борац, Хелиос, Широки и Сутјеска.

Во третиот шешир освен вицешампионот на Македонија, Пелистер, се и екипите на Босна, Цедевита јуниор и Илирија.

Четвртиот шешир го сочинуваат екипите кои добија специјална покана, а освен Работнички, тука се и Шибенка, Вршац и Теодо. 

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето