Утрински Весник
Македонија

Македонија повторно во очекување на поројни врнежи и на невреме!

Meteoalarm.mk 11 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на плиток циклонски систем со центар над североисточна Европа, денес (понеделник 12 мај) од пладневните часови па натаму во Македонија повторно ќе дојде до дестабилизирање на Атмосферата и развој на грмотевични облаци на повеќе места. Овие грмотевични облаци ќе условат локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.


Локално пак, атмосферските процеси ќе бидат во форма на невреме со побилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во делови од Скопскиот регион за време на овој период ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Локална појава на грмотевични облаци со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има  и утре (вторник 13 мај).

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Да се дислоцираат пловните објекти од јавните површини долж крајбрежјето на Охридското Езеро

Доктор му кажал на Мицкоски најтешко повредените од Кочани ќе се транспортираат на негова одговорност

Нови цени на горивата од полноќ: Дизелот поевтинува, бензинот поскапува