Утрински Весник
Македонија

Македонија под снег, започнаа пообилните врнежи

Meteoalarm.mk 27.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Од ова утро 21 Јануари 2026 среда како што најавив во минатите мои метео објави од југозапад во Македонија се прошируваат пообилни врнежи кои се најмногу од снег  и токму во Македонија започна формирање, зголемување и проширување на снежната покривка. Токму ова е поради влијанието на циклонската активност во Медитеранот и влажниот воздушен бран кој е поврзан со ладен воздух од север  и од североисток на Европскиот Континент.

На метеоролошката карта можете да ги видите температурите ова утро измерени во Македонија до 4 часот. Може да се види дека насекаде имаме минусни температури и појава на мраз.

Можете да прочитате

ВРЕДИ: Ристов не е изолиран случај, “чадорот” на заробената правда се крши

(Фото) Неисчистен снег создава хаос низ Македонија – камион излета кај Росоман

Забрана за тешки товарни возила на неколку превои