Утрински Весник
Спорт

Македонија обезбеди опстанок во Третата Европска зона

Македонија обезбеди опстанок во Третата Европска зона

Тениската репрезентација на Македонија извојува победа од 2:1 против Сан Марино во дуелот за опсатнок во Третата Европска зона што се играше во Ларнака, Кипар. Македонија во Ларнака забележа две победи од 2:1, против Малта и Сан Марино и два пораза 3:0 од Молдавија и од Кипар.

dobivaj vesti na viber

Поенот со кој македонската Дејвис куп репрезентација избори опстанок го обезбеди дублот Берк Бугариќ (19 години) и Амар Хусеиновиќ (16 години) кои ги победија со 2-0 во сетови (6:4, 6:3) Марко Де Роси и Филипо Томесани. Мечот траеше 1 час и 14 минути.

Пласман во Втората Светска зона изборија Естонија, Молдавија и Кипар, додека од Трета Европска зона испаѓаат: Малта и Сан Марино.

Можете да прочитате

Анчелоти стана рекордер во Лигата на шампионите

Навивач на Партизан го нападна тренерот на Олимпијакос

Македонските ракометарки поразени од Шведска на стартот на Европското првенство