Утрински Весник
Спорт

Македонија направи чекор назад на ФИФА листата

Македонија направи чекор назад на ФИФА листата

ФИФА ја објави најновата ранг-листа. На неа Македонија забележа пад од едно место. Во изминатиот период, фудбалската репрезентација на Македонија, забележа порази од Ерменија и Бугарија во Лигата на нации.

dobivaj vesti na viber

Македонија на најновата ранг-листа се наоѓа на 65.место, што претставува пад за една позиција во однос на претходното рангирање.

На врвот на листата, меѓу најдобрите десет, има само една промена. Позициите шест и седум ги заменија Италија и Шпанија.

Листата ја предводи Бразил, следуваат Белгија, Аргентина, Франција, Англија, Италија, Шпанија, Холандија, Португалија и Данска.

Можете да прочитате

Иран не би требало да настапи на СП2026 од безбедносни причини

Лазаров повика 19 ракометари за дуелот со Австрија

Скандал во женската лига: По два поништени гола, Љуботен се повлече од натпреварот