Утрински Весник
Македонија

Македонија на второ место во Европа според загаденоста на воздухот

Zagaden Vozduh.jpg

Специјализирана швајцарската компанија за испитување на загаденоста на воздухот, IQAIR денеска го објави Извештајот за аерозагадувањето во 2023 година.

Македонија според овој извештај и годинава останува на второто место од 43 држави во Европа според загадувањето на воздухот.

Според податоците од Извештајот, иако има подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички, во однос на 2022 година сепак Македонија останува на второ место на најзагадена европска држава, веднаш зад Босна и Херцеговина. Во 2023 година просечната годишна вредност на микрограмите на метар кубен на ПМ2,5 честичките што се дишеле во Македонија е 25,2 микрограмите на метар кубен. Споредена со 134 земји, региони и територии во светот, во однос на аерозагадувањето Македонија се наоѓа на 32 место. Тоа е подобрување за едно место во однос на 2022 година, кога земјата била на 31 место.

Во првите 15 најзагадени градови во Европа во 2023 година има два македонси града, Струмица, како 12 најзагаден регионален европски град, и Тетово, како 14 најзагаден регионален град. Што се однесува до Скопје, иако просечната годишна концентрација на ПМ2,5 се намалила за 2 микрограми, сепак е за една позиција полошо пласиран во однос на 2022 година и се наоѓа на 30 место од 114 најзагадени главни градови во светот.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија