Утрински Весник
Магазин

Македонија избира бармен за светското првенство

Uploads thumbs resize 800x420 663580.jpg

На 8 април во Скопје ќе се одржи 17. Државно првенство на бармени, во организација на Здружението на бармени на Македонија. Настанот ќе се реализира во хотелот „Континентал“, каде што најдобрите бармени од земјава ќе ги покажат своите вештини, креативност и професионализам.

Натпреварот ќе започне во 11:00 часот со квалификацискиот дел, по што ќе следува полуфиналето од 14:00 часот. Големото финале, во кое ќе се избере најдобриот бармен во Македонија, е закажано за 18:00 часот.


Победникот од ова престижно натпреварување ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени, кое ќе се одржи во Макао во октомври оваа година.

Организаторите информираат дека сите заинтересирани граѓани и љубители на коктел-културата се добредојдени да присуствуваат и да уживаат во атрактивниот настан.

Повеќе информации за натпреварот може да се најдат на официјалната веб-страница www.bar.mk.

Поканата ја упати претседателот на Здружението на бармени на Македонија, Филип Арнаудов, кој изрази надеж за голема посетеност и успешна реализација на настанот.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 06 април 2026

Пет работи што ментално здравите луѓе не ги прават

Мали промени во вашата рутина што ќе ви помогнат да ослабете