Утрински Весник
Македонија

Македонија и Бугарија нема да го одбележат заедно денот на смртта на Гоце Делчев

Бугарската „Фондација Македонија“: Дојдете в сабота на гробот на Делчев, ќе нѐ чуваат бугарски и македонски полицајци
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, изјави денеска в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

dobivaj vesti na viber

На прес-конференција тој кажа дека не е постигнат договор со Северна Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.

Прослави ќе бидат организирани во Бугарија, рече министерот предупредувајќи ги бугарските граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје дека би можеле да се соочат со проблеми, како што било претходно за чествувањето на роденденот.

Милков рече дека е многу е важно како ќе бидат направени уставните измени, а засега секој обид за внесување оптимизам во билатералните односи останува непоткрепен.

 

Можете да прочитате

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип

До 250 деца дневно во „Козле“ поради силен бран на грип

Беким Сали е именуван за прв заменик – претседател на Владата