Утрински Весник
Македонија

Македонија го празнува Свети Климент Охридски

Kliment.jpg

Македонија денес го празнува „Свети Климент Охридски“ во чест на основачот на Охридската архиепископија, основоположникот на охридската книжевна школа и творецот на кириличното писмо, свети Климент.

Со денешниот празник се одбележува делото на првиот словенски писател и просветител и првиот словенски епископ. Заедно со Наум Охридски, Свети Климент е најистакнат ученик на творците на словенската писменост, светите браќа Кирил и Методиј, и најверен продолжувач на нивното дело. Ги придружувал дваесетина години во просветителската мисија за одбрана на словенскиот јазик во Велика Моравијa.

По повод празникот, денеска ќе биде врачена наградата „Св. Климент Охридски“, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес.

Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска ќе ја добие нарадата во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста годинава се наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.

Свети Климент починал во Охрид, во 916 година

Можете да прочитате

Полицијата приведе двајца возачи – едниот возел со забрана, другиот со 1,8 промили алкохол

Девет хотели од Охридската ривиера воведуваат примарна селекција на комунален отпад

СДСМ: Нема одговор за 5 тони дрога, но затоа Алфа подготвува уште една лажна афера