Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Македонија го победи Израел во Пореч

Македонија го победи Израел во Пореч
300x250 opst2

Македонија го победи Израел во последниот контролен натпревар пред почетокот на Светското првенство. На „Кроација Куп“ во Пореч, Македонија победи со 38:37 (23:19).

dobivaj vesti na viber

Македонија, како и на натпреварот со Хрватска блескаше во нападот, но повторно не одигра добро во одбраната. Доминираа играчите на Кирил Лазаров во првите 20 минути, кога два пати имаа предност од седум гола )18:11, 19:12). На полувреме Македонија замина со 23:19.

Предноста од четири гола Македонија ја одржуваше се до финишот на натпреварот. Во последните пет минути Македонија влезе со 38:34, но до крајот не постигна ниту еден гол. Израел се доближи до 38:37, имаше и напад за реми кој не успеа да го искористи.

Како и против Хрватска најефикасни беа Дејан Манасков со 11 и Филип Кузмановски со шест гола.

Македонија на СП ќе игра во Ф групата, во која се и Норвешка, Холандија и Аргентина. Првиот натпревар македонските репрезентативци ќе го одиграат на 13.јануари против Норвешка.

Фото/ macedoniahandball.com.mk

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица