Утрински Весник
Македонија

Македонија гласа поспоро, најголема излезност во Конче, најслаба во Сарај и Чаир

4f482154 bf41 4e02 8386 ef150d3e6920.jpeg

Според најновите податоци од Државната изборна комисија, до 17:00 часот во вториот круг од локалните избори на ниво на државата гласале 34,62% од запишаните избирачи.

Најголема излезност е забележана во три општини каде што интересот за гласање е над 60%. Во Општина Конче излезноста изнесува 64,44%, во Росоман 63,58%, а во Дојран 62,9%.


На спротивниот крај од табелата се наоѓаат општините со најмала заинтересираност за гласање. Во Сарај до 17 часот излезноста е само 8,77%, а во Чаир 12,04%.

Во рамки на Град Скопје, највисока излезност бележат општините Карпош со 40,73%, Центар со 39,44% и Аеродром со 36%.

Изборниот ден продолжува мирно и без поголеми инциденти, а избирачките места ќе бидат отворени до 19:00 часот, кога ќе заврши гласањето и ќе започне пребројувањето на гласовите.

Можете да прочитате

Мицкоски: Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ исторски момент за Охрид, очекуваме двоцифрен раст на патници на двата аеродрома

Во близина на Виница пронајдено тело на маж со прострелна рана

СПМ: Нападнати полицајци пред дискотека во Скопје, осомничените пуштени