Утрински Весник
Македонија

Македонија е рангирана на 114-то место по воена сила

Vojska.webp.webp

Македонија е рангирана на 114 – место по воена моќ. Индексот на воена моќ се смета за 2,4956. Овие податоци произлегоа од меѓународната платформа „Глобал фајерпауер“ (GFP) која го објави годишниот ранг на воена моќ за 2026 година. Беа анализирани воените капацитети на 145 земји од целиот свет.

Рангирањето се базира на над 60 различни фактори, вклучувајќи го бројот на воени сили, копнено, воздухопловно и поморско вооружување, одбранбен буџет, логистички капацитети, финансиска состојба и географска положба на секоја земја.

Од земјите во регионот, Албанија е на 77-мо место, Грција на 30-то место, Бугарија на 62-ро место, Србија на 63-то место, Хрватска на 73-то место, Косово на 138-мо место, Црна Гора на 128-мо место.

Можете да прочитате

СДСМ: Дали е ова повикот на Муцунски и Стоилковиќ Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ? 

Матичните гинеколози побараа итни промени во начинот на функционирање на примарната гинеколошка здравствена заштита

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пресметале дека им требаат 110 милиони евра за минималец, но „заборавиле“ да кажат од каде ќе ги најдат