Утрински Весник
Економија

Македонија ќе добие бесплатен пристап до пристаништето „Порто Романо“ во Драч

Македонија ќе добие бесплатен пристап до пристаништето „Порто Романо“ во Драч

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, го разгледа и прифати Извештајот за извршени преговори за склучување Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортна стоки меѓу двете земји. Разгледан е и прифатен и усогласениот текст на Спогодбата.

dobivaj vesti na viber

Се работи, според посоченото од страна на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, за реализација на усвоен заклучок на последната заедничка седница помеѓу владите на двете држави, според којшто, на Република Северна Македонија и се доделува бесплатен пристап до дел од пристаниште, Порто Романо во Драч, а следствено на тоа, нашата држава ќе изгради суво пристаниште во Струга.

Целта е, според констатираното, подобрување на инфраструктурното поврзување, ефикасноста на транспортот за транзитни товари помеѓу трговски пристаништа во Република Албанија и Република Северна Македонија и безбедност на мрежата за снабдување во регионот.

Можете да прочитате

Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври

Власта нејќе да чуе за зголемување на минамалецот, Дурмиши вели така ќе се отпуштале работници

Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра?