Утрински Весник
Магазин

Македонецот Сашо Башески победи во „Никогаш не е доцна“

Nnk 408783.jpg

Со над 6.000 освоени смс-гласови, македонскиот натпреварувач Сашо Башески вчера вечер победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“.

Талентираниот прилепчанец со месеци важеше за фаворит, остави голем впечаток кај публиката ширум Балканот и заслужено се најде во завршницата.

„Не’ направи многу горди. Многу сум среќна. Ти благодарам што не’ потсети на едно убаво време кога се пееше не само со грло, туку и со емоции“, му порача нашата Калиопи која му ја врачи наградата.

Сашо ѝ се заблагодари и кажа дека ова ни на сон не го очекувал.

„Сакам да им се заблагодарам на сите, на продукцијата, на овие мои колеги во шоуто кои пред се’ се добри луѓе. Ова нема никогаш да го заборавам“, рече тој.

Можете да прочитате

Еве како да ги намалите сметките за струја – обрнете внимание на една работа

Одличен ден за еден од хороскопските знаци: Дневен хороскоп (28.06.2024)

Подгответе арапска салата: Здрав додаток за секое јадење