Утрински Весник
Македонија

Македонецот кој загина во Кран-Монтана бил во барот со сестра си – таа излегла на воздух и се спасила, семејството бара помош за погреб

Img 5287.jpeg

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој трагично го загуби животот во пожарот за време на новогодишната прослава во угостителскиот објект „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, апелира за донации со цел да ги покрие трошоците за неговиот погреб.

Како што информира Македонското друштво „Пианец“ во Швајцарија, Стивен на кобната вечер бил во локалот заедно со својата сестра, која за среќа е меѓу преживеаните.
„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство“, објавија од друштвото на социјалните мрежи.

Од Македонското друштво додаваат дека се отворени трансакциски сметки со цел да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци и да се обезбеди финансиска поддршка во овој тежок период на длабока жалост, кога болката е придружена и со сериозни материјални грижи.

Како што беше претходно соопштено, погребот на младиот Стивен се одржа вчера на гробиштата во Орон-ла-Вил.

Жиро сметка за донации во Македонија:
300057104118092
Комерцијална банка
На име: Александра Ивановска (мајка на Стивен)

Можете да прочитате

Сообраќајка на автопатот кај Петровец – итните служби на лице место

Мицкоски, Гаши и Силјановска на прием кај г.г. Стефан

Одреден притвор за сопственикот на опожареното кафуле во Кран – Монтана