Утрински Весник
Македонија

Македонец убиен од 14 годишно дете во Бугарија

Македонец убиен од 14 годишно дете во Бугарија

Македонски државјанин е убиен на Сончев Брег, Бугарија,  јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата.

dobivaj vesti na viber

Мажот бил избоден со колец.

Од бугарската полиција велат дека во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата било пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот на полицијата, било утврдено дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин, а убиецот е 14-годишно дете од Несебар.

Убиството е извршено со прободување со остар колец, причините се истражуваат.

Убиецот е во притвор.

Можете да прочитате

Албанско знаме на полициско возило во Тетово – лицето е идентификувано и повикано на разговор

Зајкова побара проверка на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година наваму

Скопјанец пронајден починат во својот дом во Волково