Утрински Весник
Свет

Македонец прегазен од камион тежок 15,3 тони во Германија 

Germanija policzija hamburg.jpg

31-годишен државјанин на Северна Македонија се здобил со тешки телесни повреди откако бил приклештен помеѓу бетонски ѕид и градежна машина – радладер тежок 15,3 тони – во една работна несреќа во Австрија.

Инцидентот се случил во понеделникот, на 17 јуни, околу 19 часот, во кругот на едно претпријатие на територија на општината Едт. Според австриската полиција, несреќата се случила кога машината, управувана од 26-годишен сонародник на повредениот, се приближила премногу блиску до ѕидот, при што ногата на 31-годишниот маж останала приклештена.


Полициските службеници по пристигнувањето на местото на настанот затекнале тешко повреден работник. На лице место му била укажана итна медицинска помош, а потоа бил транспортирaн со хеликоптерот „Мартин 3“ во Ургентната болница во Линц.

Надлежните органи ја истражуваат причината за несреќата, а засега нема информации дали се работи за човечка грешка, технички дефект или пропуст во процедурите за безбедност при работа.

Можете да прочитате

Голем 24часовен штрајк во Германија

Маск донирал 10 милиони долари за републиканците да ја задржат контролата врз Конгресот

Десетици илјади Чеси излегоа на демонстрации за поддршка на претседателот Петр Павел