Утрински Весник
Македонија

Македонец исчезнат во пожарот во Швајцарија – Семејството бара помош

Img 5287.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Семејството и пријателите упатуваат итен апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија.

Стивен последен пат бил виден за време на пожарот што избувнал на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (La Constellation) во познатиот зимски туристички центар Кран-Монтана.

Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, во кобната ноќ Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер, како што се гледа на објавените фотографии. Постои можност кај себе да ги имал и специфичните очила за сонце кои ги носи на фотографиите.

Семејството апелира до сите кои можеби го виделе Стивен или имаат каква било информација за неговото движење, како и до оние кои знаат дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да се јават на следните телефонски броеви:

📞 076 415 0868

📞 076 385 7165

📞 078 229 5745

„Братучед ми е исчезнат во пожар вчера во Швајцарија. Ако некој го има видено, нека нè контактира“, стои во апелот објавен на македонски јазик.

Семејството моли за споделување на информацијата со цел побрзо пронаоѓање на Стивен.

Можете да прочитате

Превртена цистерна три дена го блокираше патот Струга – Ќафасан

Сиљановска-Давкова првиот ден од Новата 2026 година го помина со припадниците на Армијата

Мицкоски: Задоволни сме од тоа што се постигна со „Сејф Сити“