Утрински Весник
Македонија

Македонец баран со меѓународна потерница уапсен во Албанија

Apsenje 1 1.jpg

Албанската полиција синоќа го лиши од слобода Н.С. (36), државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница.

Како што соопшти Дирекцијата за специјални оперативни сили, апсењето е резултат на координирана акција за лоцирање на лица барани по меѓународни потерници.

Основниот суд во Куманово го барал Н.С. за издржување затворска казна во траење од две години, изречена за кривично дело „фалсификување монети“.

Покрај потерницата од Македонија, албанските власти информираат дека 36-годишникот бил баран и за извршена кражба во пристанишниот град Драч.

Случајот е предаден на Интерпол Тирана, кој, во соработка со институциите во Северна Македонија, ќе ги преземе понатамошните постапки за негова екстрадиција.

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini

Демаскирање на митот за „низок IQ“

Комеморација во Собранието за жртвите од пожарот во „Пулс“ – една година од трагедијата во Кочани