Утрински Весник
Македонија

Македонците со најкраток животен век во регионот

Македонците со најкраток животен век во регионот

Граѓаните на  Македонија имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

dobivaj vesti na viber

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година.

Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години.

Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

 

Можете да прочитате

СДСМ: Нов ден нов скандал на власта, дали со ПР и манипулации власта ја крие неспособноста да се справи со пожарите?

Во Берово утрово најстудено со еден степен, најтопло во Гевгелија со 16

Уживајте во сонцето до 25 септември, потоа многу поладно и врнежливо!