Утрински Весник
Свет

Магомедов: Ова се четирите причини зошто ја нападнавме Украина

Магомедов: Ова се четирите причини зошто ја нападнавме Украина

Заменик-шефот на администрацијата на рускиот претседател Путин наведе четири причини поради кои се обидел да ја оправда руската агресија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Тој тврди дека токму поради овие четири причини, рускиот претседател Владимир Путин немал друга опција освен да почне војна.

„Отворената поддршка и промоција на неонацистичката идеологија, брзата милитаризација на Украина, постојаните повици за анексија на руски територии, растечката закана за нашата национална безбедност и стабилност не му оставија друг избор на претседателот на нашата земја, Владимир Путин да започне „специјална воена операција“, изјави денеска Магомедов, пренесува руската режимска агенција ТАСС.

„Ова не беше лесна одлука, но беше крајно неопходно, особено поради иднината на нашата земја, децата и внуците“, рече тој, додавајќи дека „оваа одлука е поддржана од мнозинството руски народ“,пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција