Утрински Весник
Скопје

Маглата го отежнува сообраќајот на Аеродром Скопје – откажани 20 летови

Maglaavion.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поради намалена видливост предизвикана од магла, денеска, 21 декември 2025 година, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје е делумно пореметен. Од полноќ до 20 часот слетаа 13 авиони од градови како Дортмунд, Виена, Хамбург, Брисел, Белград, Загреб, Франкфурт, Венеција, Париз, Берлин, Минхен и Цирих.

Истовремено, 13 летови полетаа кон дестинации како Виена, Белград, Загреб, Брисел, Хамбург, Баден-Баден, Франкфурт, Берлин, Варшава, Базел и Барселона, додека летовите за Рим и Малме сеуште се планирани за полетување. Вкупно се откажани 20 летови, а два се пренасочени кон други аеродроми.

Од ТАВ Македонија апелираат до патниците да ги следат информациите од своите авиокомпании, бидејќи временските услови се динамични и секоја компанија има свој праг за слетување и полетување при намалена видливост. Се нагласува дека аеродромот е отворен, а персоналот и опремата се целосно подготвени да го сервисираат авиосообраќајот и патниците. Актуелните промени во распоредот на летови може да се проверуваат на веб-страницата на аеродромот https://skp.airports.com.mk. Патниците можат да добијат информации и на пултот во терминалот или на телефонскиот број: +389 2 3148 333.

Можете да прочитате

Завршена целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

СДСМ бара прогласување еколошка и здравствена кризна состојба

(Видео) Граѓаните го „окупираа“ Водно во потрага по чист воздух