Утрински Весник
Македонија

Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри

Magla 420369.jpg

Намалена видливост поради појава на магла, од 100 до 150 метри има во Битола и Прилеп, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Од 15 ноември 2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Андоновски: Забраната на социјалните мрежи за деца и млади е премногу радикален потег

Кривични пријави против тројца вработени во ЈП „Национални шуми“ и уште пет лица за бесправна сеча и злоупотреби во виничко