Утрински Весник
Македонија

Магла на патот Куманово – Крива Паланка, и Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

Магла на патот  Куманово – Крива Паланка, и Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива непречено

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

dobivaj vesti na viber

Намалена видливост поради појава на магла од 25 – 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка и до 100 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Стојанов: Во име на парите и криминалот ни отидоа децата

Кривични пријави за три локали во Аеродром – точеле алкохол на малолетници

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде” во Тетово