Утрински Весник
Македонија

Магла на неколку патни правци низ државата

Magla Avtopat.webp.webp

Во Прилеп и Македонски Брод поради појава на магла видливоста на патиштата е намалена од 30 до 50 метри, а во Струмица и Берово и на патниот правец Тетово кон село Гајре од 50 до 70 метри. 

Авто мото сојузот на Македонија утринава информираше дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози. 


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можете да прочитате

СДСМ: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите

Кампањата „Очи в очи за подобро“ ќе ги опфати граѓаните низ целата држава

СДСМ: Повторно нема лекови на Онкологија, бараме оставка од Клековски