Утрински Весник
Македонија

Магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево

Magla Avtopat.webp.webp

Сообраќајот на ГП Евзони, кој беше во прекин поради протест, во 22:30 ч. е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските премини Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС работи против Филипче, тие го дозакопаа правдајќи го неговиот гаф со Милорад Додик

Косовски камионџија починал на патот Деве Баир – Крива Паланка

Филипче: Додека течат криминални тендери на народот му се сервира јавен линч врз опозицијата