Утрински Весник
Спорт

Магдебург по 11 години се врати на европскиот трон

Магдебург по 11 години се врати на европскиот трон

Магдебург по четврти пат стана европски шампион, откако во супер-интересно финале од Лигата на шампион на ЕХФ, успеа да направи камбек за 30:29 (13:15, 13:11, 4:3) победа над Кјелце по продолженија над Кјелце во меч полн со драма и пресврти.

dobivaj vesti na viber

Бундеслигашот стигна до својата четврта титула, прва од далечната 2002 година, откако претходно во полуфиналето го елиминираше Пари Сен-Жермен, а потоа во драма успеа да биде подобар од полскиот клуб, кој одеше на втора европска круна по таа во 2016 година. Третото место во Келн го освои Барселона по високата победа над ПСЖ во дуелот за бронза.

Почетокот на мечот му припадна на германскиот тим, но Магдебург не успеа да направи поголема разлика од 2 гола, за потоа Кјелце предводен од Алекс Душебаев да се врати и да направи предност од два гола на полувреме. Кјелце продолжи со подобрата игра и на почетокот на второто полувреме, одржувајќи ја предноста, пред да се случи долга пауза поради медицински случај на трибините. Овој неочекуван одмор подобро им дојде на Магдебург, кои успеаја да е вратат и да израмнат на 26:26 во последната минута за две продолженија од по две минути.

Михаел Дамгард Нилсен со два гола во продолжението беше најзаслужен за титулата на германскиот клуб. Тој на крајот заврши со шест постигнати гола, додека најефикасен беше Кај Смитс со осум гола. Кај Кјелце, Алекс Душебаев имаше исто така осум гола, додека по пет имаа Аркадијуш Морито и Дилан Нахи.

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност