Утрински Весник
Македонија

МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша

20250304094241 Big 730x400 89.webp.webp

Единствената македонска партија во Албанија,  Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори ќе настапи како дел од коалицијата предводена од опозициската Демократска партија (ДП) на поранешниот албански премиер и екс претседател на државата, Сали Бериша.

Според објавата на ДП, во изборната коалиција се 26 политички партии, меѓу кои и Партијата на слободата на Илир Мета, Републиканската партија на Фатмир Медиу, Партијата за заштита на човековите права на грчкото малцинство, чиј лидер е Вангел Дуле, како и Партијата за правда, интеграција и единство, партија на Чамите, на Шпетим Идризи.


При потпишувањето на коалицијата договорено е на изборите да настапат под името „Алијанса за величествена Албанија“, а каде и колку ќе имаат свои кандидати на кандидатските листи со загарантирани места и отворените листи, во 12-те Изборни единици ќе биде соопштено дополнително.

Парламентарните избори, 11-ти по ред, од падот на комунистичкиот систем, ќе се одржат на 11 мај, на кои за првпат ќе гласа и албанската дијаспора.

Можете да прочитате

Тошковски од Будимпешта: Засилена соработка со Унгарија во надградба на капацитетите на македонската полиција

Левица бара кривична одговорност за Ганиу за уништување на културно наследство

Coca-Cola HBC и Пивара Скопје повторно рангирани како најодржливи компании за пијалаци на глобално ниво