Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Мадона отпуштена од болница по сериозната бактериска инфекција

Мадона отпуштена од болница по сериозната бактериска инфекција
Dik 300x250 mk

Мадона е отпуштена од болница и е дома и се чувствува подобро по престојот на интензивна нега, објави Си-ен-ен.

dobivaj vesti na viber

Веста за нејзиното лошо здравје ја сподели нејзиниот менаџер, кој рече дека претрпела сериозна бактериска инфекција.

Поп-кралицата (64) требаше да започне седуммесечна светска турнеја во наредните недели, но мораше да ја одложи.

По кусиот престој во болница, таа беше однесена во нејзиниот дом во Њујорк со приватно амбулантно возило, изјави извор за Си-ен-ен.

Мадона, која е прилично затворена за своето здравје, беше во завршна фаза од пробите пред обемната светска турнеја.

Турнејата „Селебрејшн“ требаше да почне во Канада за две недели, пред да посети 45 градови низ светот.

Ова требаше да биде нејзината 12. турнеја, по повод 40-годишното присуство во музичката индустрија.

Таа доби илјадници пораки за поддршка на интернет откако менаџерот Гај Осири во средата даде изјава за нејзиното здравје.

Можете да прочитате

Дуњата – природен сојузник за здравје и имунитет

Три последици по здравјето што се случуваат по промена на часовникот

Престанувањето со пушење, го забавува губењето меморија и подоцна во животот