Утрински Весник
Македонија

Мачка сама донела, мачка сама изела: платата на уставните судии и на Кацарска им скокна до 54.000 денари

Мачка сама донела, мачка сама изела: платата на уставните судии и на Кацарска им скокна до 54.000 денари

Со укинувањето на одредба од Законот за платите, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, и судиите земаат плати покачени до 54.000 денари. Од овој месец, претседателката на судот, наместо досегашните 70.252 денара, зема 124.378 денари. Судиите, наместо 64.051 денар, земаат 115.119 денари. Кацарска за „Макфакс“ посочува дека целта на одлуката што ја донесоа не е покачување на платите, но не негира ниту дека тоа е последицата.

dobivaj vesti na viber

„Во целиот мој работен стаж од 40 години, почнувајќи како стручен соработник во Кривичниот суд, сè до денес како претседател на Уставниот суд, материјалниот аспект за мене не бил пресуден. Мојот став е дека чесното и професионално работење на секој носител на јавна функција треба да биде примарно. Тука ќе потсетам на една ситуација пред речиси 3 години кога повеќето од судиите, можеби над 90 %, ја тужеа државата и добија повеќе од 10.000 евра за неисплатени додатоци, но јас одлучив дека нема да ја тужам државата и сметав дека е недолично да се тужи држава за додатоци“, посочува Кацарска за „Макфакс“.

Таа посочи дека Собранието може да го промени законот и да ги намали платите, како нивните така и на функционерите.

„Како што знаете, Уставниот суд одлучуваше за уставност на законската одредба, а не за покачување на платите. Нивната висина се утврдува со закон, така што, колку ќе изнесува платата, утврдува Собранието и останува можноста за измена на законот во правец на намалување на платите“, додава Кацарска за „Макфакс“.

Одлуката од Уставниот суд наиде на низа критики, меѓу кои и од граѓаните.

Без врева и во тајност, и пратениците си ги зедоа покачените плати овозможени со одлуката на Уставниот суд. Тие немаат предложено измени на законот за да ги намалат коефициентите.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР