Утрински Весник
Свет

Мајмуни избегале од лабораторија во САД

Majmun.jpg

Откако 43 мајмуни избегаа од истражувачки центар во мало гратче во Јужна Каролина во САД, полицијата ги повика жителите да ги заклучат своите домови и во никој случај да не им се приближуваат.

Полицискиот оддел во Јемаси, Јужна Каролина, град со 2.000 жители, на Фејсбук објави дека млади женки макаки резус избегале во средата.

Во потрагата по избеганите мајмуни се вклучи и полицијата заедно со вработените во истражувачкиот центар Alpha Genesis.

Поставени се стапици за да ги фатат животните, а полицијата користи и термоснимачки камери за да ги пронајде.

Грег Вестергард, извршен директор на Alpha Genesis, изјави за Си-ен-ен дека мајмуните избегале откако чуварот не успеал да ја заклучи вратата, истакнувајќи дека тоа е „100% човечка грешка“.

Можете да прочитате

Демонстранти поставија Дедо Мраз во знак на протест против економската политика во Берлин

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Повредени во пожар во Санкт Петербург