Утрински Весник
Магазин

Мајкл Даглас ќе добие почесна „Златна палма“ во Кан

Мајкл Даглас ќе добие почесна „Златна палма“ во Кан

Холивудскиот ветеран Мајкл Даглас ќе ја дополни својата долга листа со признанија овој месец кога Канскиот филмски фестивал ќе му ја додели почесната „Златна палма“.

dobivaj vesti na viber

Организаторите на најголемиот филмски фестивал соопштија дека ќе му оддадат почест на двократниот оскаровец во текот на свеченото отворање на фестивалот на 16 мај.

„На Даглас ќе му се оддаде признание за неговата брилијантна кариера и посветеност на кинематографијата“, се наведува во соопштението на организаторите на 76. филмски фестивал во Кан.

Даглас (78) е познат по широкиот спектар на филмски улоги, вклучително и во филмовите како: „Кинески синдром“, „Ниски страсти“, „Ден на лудилото“, „Мојот живот со Либераче“, од кои сите беа прикажани во Кан.

„Секогаш кога сум во Кан е како да вдишувам свеж воздух. Кан отсекогаш нуди прекрасна платформа за смели креатори, уметничка смелост и извонредност на раскажување“, изјави Даглас, познат и по хитовите „Волстрит“ и „Фатална привлечност“.

„Од моето прво доаѓање овде во 1979 година за ‘Кинески синдром’ до последната премиера на ‘Мојот живот со Либераче’ во 2013 година, фестивалот секогаш ме потсетуваше дека магијата на филмот не е само во она што го гледаме на платното, туку и во неговата способност да влијае на луѓето во светот“, додаде тој во изјавата за медиумите.

Меѓу претходните добитници на наградата се покојната француска режисерка Агнес Варда и актерката Џоди Фостер.

Мајкл Даглас на француските награди „Цезар“ (2016), каде што ја зеде својата втора почесна награда за животно дело од областа на филмската уметност.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста