Полицијата во Јужна Кореја соопшти дека е издаден налог за апсење на мајка која е осомничена за убиство на две новороденчиња, чии тела со години ги чувала во замрзнувач.
Жената која има триесет години го признала делото за кое е обвинета.
Таа рече дека ги убила децата бидејќи веќе се борела да ги прехрани своите три деца на возраст од 12, десет и осум години.
Мајката ги убила децата само еден ден откако ги родила.
Истрагата покажала дека првото дете го убила во ноември 2018 година и го ставила во замрзнувач, додека една година подоцна истото му го направила на своето петто дете.
Нејзиниот сопруг рекол дека таа му кажала дека ги абортирала двете бремености и дека тој не знаел за убиствата, пишува CNN.
Овој случај излезе на виделина во мај кога народниот правобранител утврди дека едно од родените деца никогаш не било регистрирано иако во болницата имало матични книги.
Полицијата потоа започна истрага. При претресот на куќата кој бил извршен вчера, жената ги признала убиствата, информираат од полицијата.
Се очекува жената утре да се појави пред судија.