Утрински Весник
Македонија

Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце вели дека син и е невин

Mvr.webp.webp

Мајката на осомничениот за двојното убиство во Челопек и Драгоманце во изјава за Радио Бум тврдела дека нејзиниот син не е виновен.

Според медиумот, таа навела дека нејзиниот син имал психички проблеми, тешко комуницирал и дека го носела на лекар. Вели дека пасел овци, бил мирен и повлечен, но дека мештаните биле љубоморни затоа што семејството имало 250 овци. Според неа, селаните често го пријавувале во полиција за наводни кражби.


„Под притисок ќе каже дека сторил нешто за што не е виновен“, тврди мајката.

Дел од жителите на Драгоманце и Челопек пак, според истиот медиум, сметаат дека осомничениот не можел сам да ги испланира и изврши убиствата. Претседателот на месната заедница во Челопек, Стојан Станковски, изјавил дека мештаните се „под клуч“ и дека владее страв за безбедноста.

Соседот на семејството, Трајче Спиридоновски, тврди дека со години имал проблеми со нив и дека осомничениот го нападнал и него.

Истрагата за двојното убиство е во тек. Надлежните институции засега не изнесуваат детали за можни соучесници, ниту за психичката состојба на осомничениот.

Можете да прочитате

Пролет уште од март: Месецов ќе биде потопол од 30годишниот просек

Кривични пријави за 10 возачи низ државата – возеле пијани, без дозвола и со активна забрана

ВМРО-ДПМНЕ: СДС почна да пушта секој ден исти соопштенија, сигурно кога работат во СДС логиката има слободен ден!