Утрински Весник
Свет

Мајка со години ја држела осумгодишната ќерка затворена во стан во Германија

Мајка со години ја држела осумгодишната ќерка затворена во стан во Германија

Во градот Атендорн во Германија, полицијата открила грозоморен случај, мајка која со години чувала мало девојче, нејзиното дете кое сега има 8 години, заклучено во стан, пишуваат медиумите во светот.

dobivaj vesti na viber

Главниот јавен обвинител Патрик Барон фон Гротус потврди дека случајот моментално се истражува, а девојчето е откриено и потоа згрижено при претрес на домот спроведен од полицијата и Центарот за социјална работа, пишува магазинот „Феникс“.

Осумгодишното девојче рече дека никогаш не видела шума или ливада и дека никогаш не седнала во автомобил.

Патрик Барон потврди дека во моментов нема докази дека детето било малтретирано.

Според написите, осумгодишното дете може да зборува и да оди, но има проблем да се качува по скали или да оди преку нерамна површина.

Последен пат девојчето било надвор кога имала една и пол година.

Мотивот се уште не е јасно разјаснет, а мајката на девојчето молчи за обвинувањата.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња