
Вчера во 14:00 часот во Полициската станица Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.Б.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во нејзиниот дом физички ја нападнала 13-годишната ќерка на Ѓ.Ш.(45) од Скопје, која е соученичка на нејзината ќерка – стои во полицискиот билтен.
Од МВР информираат дека со мајката е извршен службен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

