Утрински Весник
Македонија

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца… имате ли срце?

Img 20250429 wa0034.jpg

Стојка Иванова-Антова, која во јавност е позната како единствена жена пожарникар во Кочани, а е мајка на загинатата Ивона Антова во „Пулс“ одговори на коментар на социјалните мрежи дека протестот на родителите и нивното одбивање за средба со премиерот е политички. Откако извесна Лидија напишала „Жално за децата, очигледно одбивањето да се сретнат со премиерот, протестот е во политички правец“, Антова напиша:

„Да не си во наша кожа, па терај ја нашата политика, срамота, и вие сте жени, мајки, немате ли малку срце и друга работа, освен да коментирате. Нашите деца кои ги убија кои се закопани, сѐ од Македонија и од сите политики, и не ги прашаа од која партија се па да ги убијат. Засрамете се и вие нѐ замарате и ни ставате дополнителни стресови и нервози. Останавме без деца еј, без деца сме, сега нашите деца ќе бидат, утре вашите“, напиша Антова како одговор на коментарот.


Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, пак ги праша: „Дали овде пишува политика или смрт“, објавувајќи фотографија од гробот на своето дете.

Можете да прочитате

Минчев: СДСМ ја изгуби идејата, Црвенковски беше симбол на државност

АНБ распиша јавен оглас – 24info.mk

Мицкоски го претстави новиот ИК: Ковачки генерален секретар, Томовски организациски секретар