Утрински Весник
Свет

Мајка ги убила трите деца и себеси: полицијата влегла во куќата и затекнала страшна глетка во Оклахома

Мајка ги убила трите деца и себеси: полицијата влегла во куќата и затекнала страшна глетка во Оклахома

Жена од Оклахома ги убила трите деца и себеси по неуспешните преговори со полицијата, соопштија државните органи за спроведување на законот.

dobivaj vesti na viber

Полицијата дошла до мрачното откритие откако влегла во домот на Бренда МекКаслин (39) во Вердигрис и ги нашла неа и нејзините деца – кои имале 10 месеци, шест години и 11 години – мртви, се вели во соопштението на Државното биро за Оклахома, пренесува oxygen.com.

„Утврдено е дека МекКаслин ги застрелала сите три деца, а потоа го свртела пиштолот кон себе“, соопшти бирото.

Полицијата во Вердигрис првпат дознала за инцидентот кога полицаец во областа забележал огномет пред една куќа, велат од бирото. Полицијата отишла да види што се случува и нашол жена вооружена и забарикадирана во нејзината куќа.

Началникот на полицијата во Вердигрис, Џек Шакелфорд, за „Тулса ворлд“ изјави дека друга жена заедно со нејзините деца дошла во посета на МекКаслин. Таа потоа го вперила пиштолот кон жената, ги зела и неа и децата ги однела со себе во гаражата.

Додека била заклучена во гаражата, жената преку скршен прозорец пуштила огномет за да привлече внимание со надеж дека ќе добие помош. Кога пристигнала полицијата, жената и нејзините две деца успеале да побегнат, изјави Шекелфорд.

„Преговорите започнаа брзо додека работевме на воспоставување контакт со 39-годишната Бренда МекКаслин“, соопшти Државното истражно биро во Оклахома.

„Откако немало одговор, полицајците влегле во куќата каде што ја нашле мртва МекКаслин, заедно со нејзините три деца“, се вели во соопштението.

„Бевме запрепастени“, изјави Џош Кер, свештеник на Првата презвитеријанска црква во Клермор, за ТВ станицата KWTV со седиште во Оклахома Сити.

„Тоа беше една од оние работи каде што гледате пријателка од пред 20 години како се мачи во последниве години, но не очекувате дека ќе заврши во ова сценарио“, додаде тој, објаснувајќи дека таа се борела со години со ментално здравствена криза.

„Многу трагедии, самоубиства во семејството, употреба на дрога, сета скршеност што ја гледаме цело време во нашите заедници“, рече Кер.

Шекелфорд рече и дека трагедијата е втора ваква ситуација што ја имала полицијата на Вердигрис во последните неколку месеци.

„Никогаш не е лесно, а по некое време пошироката јавност мисли дека тоа е она што го правите и ова е вашата работа“, рече Шекелфорд. „Да, тоа е она што го правиме и тоа е наша работа, но никогаш не станувате бесчувствителни поради тоа“.

Во спомен на децата, на дрвото пред куќата беа поставени импровизирани спомен-обележја.

Бил Салвахтер, сосед на семејството, изјави за „NBC Tulsa KJRH“ дека гледал како властите се обидуваат да ја натераат МекКаслин да се предаде.

„Тажниот дел од приказната е што овие деца немаат никаква врска со тоа“, рече тој. „Сега се мртви“.

Можете да прочитате

Трамп: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

Германската разузнавачка служба објави: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан

Вооружени лица во Пакистан тврдат дека убиле 50 заложници по киднапирање на воз