Утрински Весник
Свет

Мајка цела година испраќала ужасни пораки на својата малолетна ќерка

Мајка цела година испраќала ужасни пораки на својата малолетна ќерка
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Тинејџерка од Мичиген, која била жртва на сајбер-малтретирање, открила дека нејзината мајка стои зад анонимните пораки на омраза што ги добивала во текот на изминатата година.

dobivaj vesti na viber

Кендра Гејл Ликари ја малтретирала својата ќерка на социјалните мрежи, користејќи тинејџерски сленг, за да не биде идентификувана. Таа е уапсена по едногодишна истрага, во која на крајот биле вклучени специјални агенти од ФБИ.

Иако Ликари користела VPN за да ги скрие доказите за потеклото на пораките и користела тинејџерски сленг, детективите успеале да ги поврзат пораките со неа.

Откако жртвата се обратила за помош кај нејзината мајка, таа го пријавила наводното насилство до надлежните органи. Таа дури отишла дотаму што соработувала со мајката на тогашното момче на нејзината ќерка за да „помогне“ да се пронајде сајбер насилникот, кој на девојката ѝ праќал по десетина пораки дневно.

„ Кога случајот првпат дојде во нашата канцеларија, беше чудно и речиси неверојатно“, изјави окружниот обвинител за локалната радио станица WKRC.

Тој додаде дека тоа е континуирана кампања на злоупотреба.

„ Станува збор за неколку стотици СМС пораки, во досието има повеќе од 1.000 страници текст“, рече обвинителот, додавајќи дека пораките се „најчесто вознемирувачки, понижувачки и злобни“.

Меѓутоа, откако компјутерските експерти на ФБИ откриле дека пораките доаѓаат од телефонот на мајката, таа признала дека го злоставувала своето дете.

Училишниот надзорник Вилијам Чилман рече дека Ликари (42) била кошаркарски тренер во училиштето на нејзината ќерка во времето на злоставувањето. Мајката била обвинета на 12 декември и ослободена со кауција од 5.000 долари.

Користењето на компјутер за извршување на злосторство е кривично дело во САД, со потенцијална казна затвор до 10 години. Мајката е обвинета и за следење малолетник и попречување на правдата – што може да ѝ донесе дополнителни 5 години зад решетки.

Можете да прочитате

Објавени проекции: Ако нема миграција, ЕУ би имала под 300 милиони жители во 2100 година

Само три инспекции за 10 години: Сопственикот на барот во Кран-Монтана тврди дека ги исполнувал сите стандарди

Голем број на регистрирани возила во Норвешка лани биле целосно електрични