Утрински Весник
Македонија

Маја Кадиевска Војновиќ влегува во Управниот одбор на Стопанска банка Битола

Img 0950.jpeg

Некогашната вицегувернерка на Народната банка и универзитетска професорка на Американ колеџ, Маја Кадиевска Војновиќ, е предложена за нов член на Управниот одбор на Стопанска банка Битола.

Кадиевска Војновиќ доаѓа на местото на Даниела Ѓоршевска, која поднела писмена оставка од функцијата член на Управниот одбор.


Банката за промените официјално ја извести Македонска берза, во согласност со правилата за котација.

„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, Стопанска банка а.д. Битола известува дека на ден 5.11.2025 година, членот на Управниот одбор, г-ѓа м-р Даниела Ѓоршевска поднесе писмена оставка од функцијата член на Управниот одбор на Банката. Воедно, банката информира дека Надзорниот одбор со одлука донесена на 25. седница, одржана на 10.11.2025 година, ја именува г-ѓа м-р Маја Кадиевска Војновиќ за нов член на Управниот одбор. Одлуката ќе стапи во сила по добивањето согласност од Извршниот одбор на Народната банка,“ – стои во објавата на Македонска берза.

До добивањето на согласност од Народната банка, Даниела Ѓоршевска ќе продолжи да ја извршува својата функција.

Маја Кадиевска Војновиќ е познат економист со долгогодишно искуство во финансискиот сектор. Таа беше вицегувернер на Народната банка, а во 2024 година беше именувана за член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).

Можете да прочитате

Коцевски повика да пријави, Ѓорѓиевски веќе во контакт со Финансиска полиција

Голема акција во Скопје: Полицијата заплени марихуана, вага и илјадници евра!

Костадиновски: Доколку собранието не реагира, Уставниот суд ќе одлучува за измените на КЗ до декември