Утрински Весник
Македонија

М-НАВ: Ни се случи обид за хакерски напад на меил серверот

Mnav 960x533 1.jpg

М Нав со денови e мета на хакерски напад, објави Канал 5. Македонска навигација неколку дена била оставена без интернет, поради што останале без клучни податоци од метео службата и од центарот за обработка на летови. Од М – НАВ појаснуваат дека првичната анализа на тимот експерти за сајбер безбедност покажала дека се работи за обид за нелегално влегување во административниот дел на компјутерската мрежа на М-НАВ, но дека тоа во ниту еден момент не влијаело на безбедноста на воздушниот сообаќај.

Од М-Нав потенцираат дека административната мрежа на М-НАВ е вратена во целосна функција со подигање на back_up бази. МВР пријавата за проблеми со пристапот до серверот ја добиле пред 10-ина дена, по што бил извршен увид од единицата за сајбер криминал на МВР.


– МВР Во врска со доставената пријава на ден 09.08.2025 година од страна на полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал при МВР беа преземени службени мерки и активности во просториите на МНАВ. Се преземаат мерки за расчистување на случајот во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, со цел утврдување на сторител на кривичното дело.

Според извори во МНАВ, кои сакаат да останат анонимни, како што објавува Канал 5, над половина милион евра се дадени за сајбер безбедноста на фирма од Скопје, надлежна за имплементација на системот за отпорност од сајбер напади.

извор Канал 5

Можете да прочитате

МЗ ја достави целокупната документација за надзор на Стоматолошката комора до ЈО за натамошно постапување

Мицкоски: Во најскоро време хидросистемот Ѓавато ќе биде целосно оперативен и функционален

Поместени границите во ортопедска трансплантација на Клиниката за ортопедија