Младинската репрезентација на Македонија предводена од селекторот Боби Милевски, уште еднаш покажа дека е достоен претставник на иднината на македонскиот фудбал, откако на терените „Петар Милошевски“ во Скопје до финишот на мечот успеа да изддржи против фаворитот, пред Шпанија да однесе 1:0 победа со гол од пенал на 20-годишниот фудбалер на Реал Мадрид Хуго Дуро во 83. минута.
Фаворизираната Шпанија е убедливо на првото место со 16 поени, а Македонија е на третото место со 7 поени по пет меча, колку што имаат и Казахстан и Црна Гора, додека Израел е втор со 8 поени.
Следен противник на Македонија е аутсајдерот Фарски Острови, со кого играме во вторник, иако е потребна претпазливост по нивната 3:1 победа над Израел минатата година.
Пласман на првенството во Словачка и Унгарија следната година го обезбедува најдобриот во групата, додека второпласираниот игра бараж освен ако не е најдобропласираниот во деветте групи, кој оди директно на шампионатот.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО У-21, 6.ГРУПА
Македонија – Шпанија 0:1
Казахстан – Црна Гора 0:4
ТАБЕЛА: 1.Шпанија 16, 2.Израел 8, 3.Македонија 7, 4.Црна Гора 7, 5.Казахстан 7, 6.Фарски Острови 3
Фото: ФФМ
> Mладата репрезентација загуби од европскиот шампион Шпанија со гол од пенал <