Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Mицкоски со честитка до муслиманските верници за Курбан Бајрам

Мицкоски со писмо до народот: Ви ветувам макотрпна работа и обнова на државата
300x250 opst2

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до на сите припадници на исламската вероисповед кои го празнуваат големиот верски празник Курбан Бајрам.

„Искрено од срце ви посакувам многу здравје, среќа и успеси и нека празничните мигови Ви поминат во спокој, љубов и радост со најблиските.
Овој празник е еден од најголемите празници во исламот кој секогаш потсетува на хуманоста и солидарноста како темелни човечки вредности. Меѓучовечката љубов и разбирање се основата на сеопштата благосостојба на едно општество.

Македонија била и ќе биде земја во која духот на традицијата, но и почитта и меѓусебното разбирање биле мостови кои ги поврзувале луѓето од различни вери и етникуми. Во духот на празничната порака за заедничка поддршка и борба за подобра сегашност и подобра иднина Ве повикувам сите заедно да се сплотиме и да ја градиме Македонија како земја на европски вредности и принципи. Само така ќе овозможиме нашите деца, како и нашите предци да живеат под истото македонско небо во хармонија и напредок“, наведе Мицкоски во честитката.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ