Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, пишува опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.
„Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми. Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно“, вели Мицкоски.
Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети.
Излезете…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 23, 2020
Тој порача дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, треба да поднесат оставки, бидејќи така повеќе луѓе би биле спасени.