Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Mемиќ: Заврши проверката на респираторите купени и испорачани од Кина во 2020 година.

Ситуацијата во БиХ се влошува, 344 новозаразени и 12 починати
300x250 opst2

Респираторите кои Босна и Херцеговина ги купи пролетта 2020 година за лекување на пациенти со најтешки симптоми на Ковид-19, беа спремни за употреба во болниците дури на почетокот од изминатата недела, пишуваат босанските медиуми.

Директорот за цивилна заштита, Енес Мемиќ, изјави дека конечно заврши постапката за проверка на исправноста на респираторите купени во Кина и испорачани во април 2020 година.

“Завршивме важна работа. Точно, сето ова можеше да се стори и порано, но сега најважно е дека дишните уреди се во здравствените установи за кои се набавени и се во употреба. Гледаме дека епидемиолошката состојба е комплицирана “, рече Мемиќ.

Кинеските респиратори, Федерацијата БиХ ги купи по итна постапка по избувнувањето на пандемијата со коронавирусот, пишуваат тамошните медиуми.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Талибанците забранија 679 академски книги и учебници

Неколку арапски држави предлагаат измени на планот на Трамп за завршување на војната во Појасот Газа

Италијанската полиција уапсила Албанец со над 27 килограми кокаин