Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Лукашенко: Украина го користи секој изговор за да го вовлече НАТО во конфликт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Украина го користи секој изговор за да ги вовлече силите на земјите-членки на НАТО во конфликтот, додека Белорусија забележува зголемување на провокациите во близина на нејзината граница.

dobivaj vesti na viber

„Сите агенции за спроведување на законот забележуваат зголемување на бројот на провокации во близина на државната граница. Украина најверојатно се обидува да искористи каков било изговор за да ги вклучи трупите на земјите-членки на НАТО во конфликтот. Сето ова е потврдено со неодамнешниот пад на ракета на територијата на Полска“ – рече Лукашенко на состанокот со воени и безбедносни претставници, пренесе новинската агенција Белта.

Како што рече, Белорусија е во состојба да го одврати потенцијалниот непријател од употреба на воена сила против земјата.

Можете да прочитате

Ужас во Австралија: Воспитувач силувал 60 девојчиња, бакнувал и бебиња – Осуден е на доживотен затвор

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата